Македонија 03. јули 2020. / 10:10

Директорката на кумановската болница позитивна на корона вирусот

Директорката на кумановската болница позитивна на корона вирусот

Директорката на кумановската болница, Снежана Захариева, е позитивна на корона вирус.

Таа ова го објави на својот профил на „Фејсбук“.

Кажува дека тестирањето го направила вчера во МАНУ и утрово добила резултат кој е позитивен.

Захариева напооменува дека само дома не носела маска, но дека имунитетот попуштил после 5 месеци борба со корона вирусот. Куманово беше едно од најпогодените подрачја во изминатите месеци.