Македонија 10. март 2020. / 15:19

Директорката на кожно денеска ќе биде разрешена

Директорката на кожно денеска ќе биде разрешена

Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, денеска ќе биде разрешена од должноста и на нејзино место ќе биде именуван вршител на должноста. Ваквиот став на Владата уследи по денешниот телефонски разговор меѓу министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.

Според Ивановска, како што пренесе Филипче, во вакви случаи кога не се почитувале основните етички и морални норми во професионалното однесување на докторката и директорка, не важат правилата за предизборие.

Со оглед на тоа, Филипче изјави дека уште во текот на денот Цаца Билјановска ќе биде разрешена.

Цацаљ Билјановска престојувала во кризното жариште опфатено со корона вирусот, но по враќањето во државата воопшто не ги почитувала препораките, па продолжила да оди на работа, а учествувала и на семинар на кој биле присутни повеќе од стотина лекари.