Македонија 09. март 2020. / 13:15

Директорката на Клиниката за кожни болести била на скијање во Италија, а држела и предавање на стотина колеги

Директорката на Клиниката за кожни болести била на скијање во Италија, а држела и предавање на стотина колеги

Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија примариус д-р Нина Цаца Биљановска пред десетина денови била две недели на скијање во Италија, во престижниот скијачки центар Алта Бадија каде што се одржуваат натпревари во алпско скијање во Светскиот куп.

Таа е четвртиот пациент со корона вирус во Македонија и од денеска се наоѓа на Инфкетивната клиника во Скопје, со лесна клиничка слика.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конфренција изјави дека е разочаран од нејзиното однесување.

Таа во саботата одржала и предавање на стотина колеги кои учествувале на стручното предавање на тема „Дермоскопија немеланомски карциноми на кожа“ во ресторанот „Рагуса 360“ во Скопје. Меѓу нив имало и странци.

Лекарката на работа била веќе една недела. Клиниката за дерматологија во Скопје е целосно затворена, целиот медицински персонал е веќе во изолација, се вршат тестирања, пациентите кои можат да го продолжат домашното лекување се дома, а оние кои не можат, се префрлаат во други здравствени установи.