Македонија 09. јуни 2020. / 11:20

Директорката на Инфективна: Ме плаши новиот број на заразени и тешки болни

Директорката на Инфективна: Ме плаши новиот број на заразени и тешки болни

Откако во последните шест дена бројките на новозаразени со корона вирусот во Македонија лесно надминуваат над 100, расте вознемиреноста во целата јавност во Македонија.

Загриженост од таквата состојба искажува и директорката на Инфективната клиника, Милена Стефановиќ.

Јас сум клиничар и нормално е дека ме плаши новиот број на заразени и тешки болни. Тоа повлекува потреба од целокупен здравствен систем на лекари, персонал помошен, простор. Тоа се треба да биде педантно за пациентите – изјави Стефановиќ во гостување на телевизија „Алфа“.