Пратениот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на почетокот на седницата за пристапување кон промена на уставното име побара точката да се тргне од дневниот ред со образложение дека Собранието нема ниту изборен, ниту референдумски легитимитет за таква одлука.
Неговиот предлог беше ставен на гласање, но беше отфрлен од мнозинството пратеници, по што денешната седница на Собранието започна со единствена точка по предлог за измена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.