Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на тркалезна маса на тема „Говор на омраза“, организирана од страна на „Инер вил клуб Скопје Еуропеа“ по повод Меѓународниот ден на толеранцијата.
–Ние во нашата колективна култура имаме традиција на толеранција и прифаќање на различностите. Но, тоа треба постојано да се негува и да се внимава на предизвиците. Притоа да се има предвид и дека неограничената толеранција води до загрозување на самата толеранција и дека слободата на изразување не го прави говорот на омраза дозволив во едно демократско општество- истакна Димитров.
16 ноември е прогласен за Меѓународен ден на толеранцијата со резолуција на ООН во 1996 година.