Македонија 15. декември 2020. / 16:28

Димитров: Никогаш сум немал друго државјанство освен македонското

Димитров: Никогаш сум немал друго државјанство освен македонското

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на својот Фејбук профил денеска објави дека нема и никогаш немал друго државјанство освен македонското.

Смета дека граѓаните апсолутно имаат право да знаат колку (и какви) пасоши имаат политичарите.

– Поттикнат од иницијативата на новинарот Горан Михајловски, јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското, напиша на Димитров на ФБ.

Вчера, на прес-конференција по повод 100 дена Влада, премиерот Зоран Заев кажа дека Владата досега не размислувала, ниту планирала да донесе законски измени со кои сите државни функционери ќе мораат да пријават дали покрај македонското имаат и друго државјанство, но рече „ќе размислиме и ќе го разгледаме ова прашање“.