Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по покана на својот грчки колега Никос Коѕијас ќе учествува на вториот состанок во проширен состав на министрите за надворешни работи од Балканот и Вишеградската група во таканаречениот формат „Балкан 4 плус Вишеград 4 плус”, што ќе се денес и утре во местото Сунио, во близина на Атина.
На овој состанок ќе учествуваат министрите за надворешни работи на четирите земји членки на ЕУ од Балканот – Грција, Република Бугарија, Република Хрватска и Република Романија плус Република Словенија, првпат се поканети и земјите кандидати од овој регион – Република Албанија, Република Македонија, Република Србија и Црна Гора плус Босна и Херцеговина. Земјите од вишеградската група ќе бидат претставени од министрите за надворешни работи на Република Полска, Република Унгарија, Чешката Република и Република Словачка.
Главната дискусија на состанокот е со наслов „Иднината на Европа и проширувањето на Европската Унија“ на која се очекува воведни излагањa и свои видувања да изнесат проминентни академици и експерти. Исто така, министрите ќе имаат можност да се осврнат и на прашањето за енергетската безбедност и нејзиното значење за регионалната и меѓурегионалната соработка.
Министерот Димитров, на маргините на состанокот да одржи и повеќе билатерални средби.
Веќе е најавена средба со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу.
„За земјата да оди напред потребни се национален консензус и компромис. И сите имаме должност да му служиме на тоа“, рече вчера Папандреу по средбата со грчкиот премиер Ципрас и додаде дека надворешната политика, особено во критични моменти за Грција бара одговорност и чисти гласови.
Најавена е и средба со Коѕијас.