Македонија 03. октомври 2019. / 16:18

Димитријоски избран за потпретседател на Европското регулаторно тело за електронски комуникации

Димитријоски избран за потпретседател на Европското регулаторно тело за електронски комуникации

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Сашо Димитријоски е избран за потпретседател на Европското регулаторно тело за електронски комуникации во рамки на 40-тата пленарна седница која се одржува во Крит, Грција од 2 до 4 октомври годинава.

Од Агенцијата наведуваат дека, со ова Агенцијата добива посебно место на европската карта на регулатори за електронски комуникации, како и доверба за досегашната успешна работа и соработка со останатите европски регулатори.

Новоизбраните членови на раководството на Европското регулаторно тело за електронски комуникации – BEREC, како и останатите присутни гости на денешната седница ги поздравил со посебно обраќање и Генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија Хаолин Жао.