Македонија 29. септември 2018. / 20:14

ДИК: Во дијаспората гласале 36% од оние кои се пријавиле за гласање

ДИК: Во дијаспората гласале 36% од оние кои се пријавиле за гласање

Вкупно 36,56 отсто, односно 985 лица гласале досега во странство, каде на 33 места право на глас имаа 2.694 лица, соопшти на прес-конференција Државната изборна комисија.

Поради временската разлика сѐ уште се отворени шест места во Канада, САД и Лондон, кои не се вклучени во бројката. Според порадоците што ги соопшти ДИК, во затвортие излезноста била 64,69 отсто. Од 1859 кои гласаат дома, односно болни и немоќни гласачкото право го оствариле 1520 гласачи, но гласањето се уште трае.

Во врска со инцидентот што се случи во Австралија, од ДИК велат дека случајот е евидентиран и пријавен.

Денеска на референдумот гласаа болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор, затворениците и државјаните на Македонија што живеат во странство.