Македонија 30. септември 2018. / 18:58

ДИК се премисли, до 15.00 часот не гласале 334 илјади туку 408 илјади гласачи

ДИК се премисли, до 15.00 часот не гласале 334 илјади туку 408 илјади гласачи

Државната изборна комисија го смени првичниот извештај според кој до 15 часот гласале 334 илјади гласачи и сега објави дека всушност гласале над 408 илјади луѓе.

Предходно ДИК објави дека излезноста е 22,5 % а вкупната бројка на гласачи е 334 илјади.

ДИК не објави зошто е направена грешката што во јавноста отвори дилеми дали се работи за фалсификување на референдумот.

Тие што противзаконски манипулираат со бројките на гласање се соочуваат со сериозни затворски казни.