Претседателот на ДИК Оливер Дерковски рече дека не регистрирале дека некој од кандидатите за претседател предвреме ја започнал кампањата, пренесе НОВА.
Рокот за собирање на потписи за кандидатите за претседател завршува на 9 март. Гордана Силјановска Давкова го прекинала собирањето на потписи откако се потпишале 16.000 граѓани.
Од саботата кандидатурата на Блерим Река за претседател ја подржале 6.000 граѓани, за Амди Бајрам досега се потпишале околу 3.000 граѓани, но тој најави повлекување.