Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието со дополнителен член 5-а со кој се утврдува дека доколку не се исполнети просторните услови на просторијата во која е сместено гласачкото место или просторијата каде што треба да се спроведува гласањето, Државната изборна комисија (ДИК) може да определи друг соодветен простор што ги исполнува условите за спроведување на гласањето.
Тимови на ДИК, составени од членови и вработени во Комисијата, како и претседатели на општинските изборни комисии на територија на целата држава деновиве ги проверуваат просториите каде што се извршува гласање, сѐ со цел обезбедување на содветните безбедносни и здравствени мерки за заштита од Ковид-19 за време на предвремените парламентарни избори на 15 јули.