Македонија 08. јули 2020. / 10:09

ДИК ќе прави „генерална проба“ за безбедно гласање

ДИК ќе прави „генерална проба“ за безбедно гласање

Државната изборна комисија денеска ќе организира симулација на „безбедно гласање“ со примена на мерките за заштита од ковид-19 и здравствените препораки за да прикаже како ќе изгледа гласањето на 15 јули.

Вежбата ќе се спроведе на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“ и ќе биде симулиран целиот процес – од доаѓање на гласачи, процес на дезинфекција и идентификација и однесување на самите изборни органи и набљудувачи.

Од ДИК велат дека целта на овој настан е да се придонесе за поголема транспарентност и едукација на граѓаните за изборниот процес.

Почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, се што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странскирте набљудувачи, најави вчра на седница Борис Кондарко, член на ДИК.

На настанот се поканети медиумите, домашни и странски меѓународни мисии, меѓу кои и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, претставниции на Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Поканети се и учесниците на изборите односно политичките партии.