По пет пребројувања на гласачките ливчиња, Државната изборна комисија го отфрли приговорот на ВМРО ДПМНЕ за гласањето на градоначалник на Ново Село, за избирачкото место 1789.
Бројот на гласачките ливчиња, се совпаѓа со бројот на гласачи, потврдија од ДИК, од каде побараа да се разреши избирачкиот одбор и Општинската изборна комисија за ова гласачко место, поради хаосот што го направила во записникот.