Македонско друштво “Илинден”-Тирана строго ги осудува сите напори кои би го одзеле правото на глас на македонците надвор од Македонија. Оттаму ги повикуваат од ДИК да овозможи повторна регистрација на гласачите од мнм и дијаспора.
– За нас, предлогот за одземање на правото на глас на Mакедонците надвор од Македонија претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување на Mакедонците надвор од Македонија, велат од друштвото.
Додаваат дека сакаат да учествуваат во градењето на слободна и демократска држава и дека имаат право на тоа, најпрво, како што велат, заради нивното потекло, грижата како и нераскинливата врска со татковината.
– Македонците надвор од Македонија се клучен партнер на татковината Македонија и интегрален елемент за унапредување на Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата. Истовремено, Македонците надвор редовно ја посетуват Македонија и со нивното доаѓање придонесуват кон зголемувањето на локалната економија низ Македонија. Затоа Македонците надвор од Македонија мора да го уживат правото на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Македонија, стои во соопштението на МД „Илинден“.
Македонците надвор од Македонија ги повикуват сите политички субјекти во Македонија, да покажат почит и јасна заложба за Македонците надвор од Македонија со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за Македонците.