Македонија 20. август 2018. / 21:11

Дијабетичарите од Струга се соменваат во квалитетот на терапијата

Дијабетичарите од Струга се соменваат во квалитетот на терапијата

Корисниците на инсулин од Струга се жалат на квалитетот на терапијата што ја добиваат и се сомневаат дека причината можеби лежи во т.н паралелен увоз, јавува телевизија АЛСАТ.

„И јас го имам истиот проблем, каде при боцкање мене ми покажува висока вредност. Дали е до апаратчето или нешто друго, но ми покажува висока вредност на квалитетот на инсулинот и во медицинсиот центар кога ќе давам крв. Но штом покажува висока вредност при боцкање нешто не е во ред.Треба да се преземе нешто“, вели за Алсат Иво Дукоски- претседател на здружение на дијабетичари, Струга.

„Јас земам инсулин „Ново микс“ веќе 20 години, но во последно време инсулинот не ми помага. Двапати земам, по 34 единици наутро и 34 навечер, а попладне земам плус таблета за шеќерот. Квалитетот на „нова микс“ е многу слаб , сменет е во целосно не е тој ново микс како порано. Овој инсулин што го земаме не е квалитетен, не помага. Мене како личност не ми помага“, реагира Минир Зиба, пациент од Ливада.