Македонија 16. март 2020. / 18:33

Дезинфекција на велешките улици, Црвен крст со бесплатни кардиолошки прегледи

Дезинфекција на велешките улици, Црвен крст со  бесплатни кардиолошки прегледи

Од Општина Велес информираат дека во текот на вчерашниот ден Јавното комунално претпријатие „Дервен” изврши вонредно миење, односно дезинфицирање на дел од улиците во Велес, со цел преземање превентивни мерки за заштита од ширење на корона вирусот и обезбедување почисти улици и населби.

Како што појаснуваат од Општина Велес, миењето е извршено со средство за дезинфицирање на улиците во централното градско подрачје, во ниските зони на градот: на пристапот до ЈЗУ Општа болница Велес, на пристапот до населба Којник, пристапот до железничката станица, меѓуградската автобуска станица и индустрискиот дел на градот.

Оттаму додаваат, дека Општината продолжува со внимателно следење на ситуацијата со коронавирусот на локално ниво, за што се преземаат и дополнителни мерки, а активностите продолжуваат со дезинфекција на контејнерите и расчистување на простори со отпад од непознат сторител (диви депонии).

Исто така, од денеска започнува и редовното миење на улиците во општината согласно Програмата за јавна чистота за 2020 година.

Во саботата екипи на Одделението Пазар ЈКП „Дервен“ го дезинфицира просторот и тезгите на отворениот Градски пазар во Велес.

Општинскиот Црвен крст Велес во домовите на граѓаните со бесплатни кардиолошки прегледи

Општинската органзација на Црвен крст Велес ги информира граѓаните дека од денеска започнува со телефонското пријавување за домашни бесплатни кардилошки прегледи за граѓаните, мерење на шеќер во крвта и психолошка поддршка.

Лекарските прегледи стартуваат од утре.

Како што информира Орце Николов секретар на ООЦК Велес, целта е да се избегне посета на амбулатите каде има поголем број луѓе, а со тоа и големи шанси за ширење на Корона вирусот.

Активноста се реализа партнерски со Општина Велес кои ја обезбедуваат поголем дел од логистичката поддршка, како и ЈЗУ „Здравствен дом“ од Велес. Прегледите ќе се изведуваат во домовите на граѓаните откако претходно ќе се пријават на телефонските броеви: 078 254 729, 075 272 485 и 075 247 637.

– Кардиоваскуларните прегледи и мерење на шеќер во крвта ќе ги извршува лекар, специјалист кардиолог – волонтер во Црвен крст. Тој ќе извршува прегледи од типот: ЕКГ и мерење на шеќер во крвта, на оние граѓани кои имаат потреба од редовна контрола (седмична или месечна) за да го избегнат присуството кај матичниот лекар. Јавното здравје е заедничка одговорност, посочуваат од Црвениот крст.

Инаку поради состојбата со Корона вирусот во земјавата тие денеска ја одложија традиционалната манифестацијата по повод 17 март Денот на крводарителството и Ден на Црвениот крст на Р. Северна Македонија. На истата требаше да бидат доделени признанија на најуспешните крводарители во Велес и велешко на еден за сто пати дарувана крв на тројца за 75, и на 18 за 50 патти дарувана крв.

Од ООЦК Велес најавуваат дека манифестацијата планираат, во зависност како ќе се развива ситуацијата со Ковид-19, истата да се одржи по три месеци, односно на 14 јуни Светскиот ден на крводарителството.