Македонија 07. јуни 2020. / 19:36

Деветмина вработени во градинка во Кочани позитивни на Ковид-19

Деветмина вработени во градинка во Кочани позитивни на Ковид-19

По скрининг тестирањето во детската градинка „Павлина Велјанова” во Кочани утврдено е дека девет вработени во јавната општинска установа се позитивни на коронавирусот.

Специфично за добиените резултати е што сите заразени лица воопшто не покажувале симптоми на ковид-19.

На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје од Кочани во моментот активни се вкупно 19 лица, меѓу кои и жители на општина Чешиново-Облешево, вработени во една од штипските конфекции каде беше откриено присуство на вирусот.