Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 90 лица не ја почитувале забраната за движење. Како што инфомрираат од МВР, 57 од нив се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Според статистичките податоци на МВР, на 20 лица им се издадени решенија за изолација, а 241 лица потпишале изјави за самоизолација.
Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.