ЈП Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, станува втор Ковид-центар. Таму ќе бидат ослободени 70 кревети за лица заразени од коронавирус, пренесува САКАМДАКАЖАМ потпирајќи се на изјава на директорот Ангелчо Андоновски.
Со оглед на растот на бројот на новозаболени во земјава, Комисијата за заразни болести и здравствени власти донесоа ваква одлука, со оглед дека Институтот е опремен со најсовремена опрема.
На располагање ќе има 70 легла, а ќе работат интернистички и инфективни тимови.
Во земјата од почетокот на епидемијата, покрај Инфективната клиника, на располагање е ставена и болницата „8-ми Септември“ како прв ковид-центар. Исто така во функција е и монтажната болница во кругот на Инфективната клиника, каде што пред неколку дена беа примени првите пациенти.
Денеска 11 лица починаа од Ковид-19, а 185 лица се новозаразени.