Новата министерка за правда, Рената Дескоска која вчера седна во фотелјата, ќе го прочешла веќе готовиот закон за извршување кој и го оставија на маса нејзините претходници. „Таа ќе го стопира и прегледа уште еднаш, а ќе се консултира и со експерти од областа“.
На примопредавањето на функцијата новата министерка за правда беше категорична дека еден од нејзините приоритети ќе биде Законот за извршување да овозможи поправеден систем со помали трошоци во постапките пред извршителите.