Македонија 13. септември 2019. / 12:49

Дескоска: Трансферот на предметите од СЈО, ги помати сметките на оние кои сакаа по 15 септември да нема специјален јавен обвинител

Дескоска: Трансферот на предметите од СЈО, ги помати сметките на оние кои сакаа по 15 септември да нема специјален јавен обвинител

Министерката за правда, Рената Дескоска, на денешната конферанција во републичкото јавно обвинителство за истражните центри, уште еднаш ги повика политичките партии да се усогласат за Законот за јавното обвинителство, пишува Фокус.

Јасно е дека без силно обвинителство попусто зборуваме за правна држава. Сите партии да размислат каде ја гледаат иднината на нашата земја и дали се искрени за поддршката на државата кон европските аспирации, рече Дескоска.

Таа истакна дека планот на одредени политичари бил по 15 септември да пропаднат сите предмети на СЈО.

Трансферот на предметите од СЈО во републичкото јавно обвинителство ги помати сметките на оние кои сакаа по 15 септември да нема специјален јавен обвинител и да пропаднат сите предмети. Тој план пропадна, но направи штета. Можеби Законот за ЈО не е нужен за предметите на СЈО, но е неопходен за заокржување на реформите во судството, рече министерката Дескоска