Македонија 01. ноември 2018. / 11:15

Дескоска: Нема простор за амнестија за насилствата во Собранието од 27 април

Дескоска: Нема простор за амнестија за насилствата во Собранието од 27 април

Синоќа министерката за правда Рената Тренеска Дескоска, во интервју за Студиот на 1ТВ изјави:

Идејата што ја промовираше премиерот во Собранието за помирување, тој неколку пати објасни јавно дека помирувањето не смее да значи амнестија, не смее да значи неодговорност за одредени постапки кои што се случени.

-Нема простор за зборуваме за некаква амнестија за тие акти на насилство кои се случија во Собранието на 27 април, вели Десковска, која во интервјуто говори за осумината пратениците од опозицијата кои гласаа за почетокот на процесот на уставни измени и за нивните очекувања, за комисијата за помирување, за реформите во судство, членови на судски совет, за ревизијата на судски предмети за кои постои сомневање дека биле политички монтирани случаи, за лустрацијата, судските трошоци, правната помош, антикорупциската комисија.