Министерката за правда, Рената Дескоска, не се откажува од намерата да се укине финансирањето на политичките партии за оваа година. Тоа за нив е значаен финансиски удар, со оглед на тоа што треба да ,поделат 4,5 милиони евра, пишува Независен.
Уредбата е готова. Чекаме да се разгледа во пакет со сите антикризни мерки. И во нормална состојба сумата која се издвојува за партиите е преголема и треба да се врати на износот пред 2018 година, изјави министерката Рената Дескоска за „Независен“.
Нејзиниот предлог е сепак, како антикризна мерка исплатата да се укине за оваа година , а во иднина да се разгледа повторно дали треба да се смени законот и сумите што ги добиваат политичките партии на годишно ниво да се намалат засекогаш.
Добро е сите партии да ја поддржат одлуката, вклучувајќи ги и ВМРО-ДПМНЕ и другите парламентарни и вонпарламентарни партии што добиваат пари од буџетот, порача таа. Околу дилемата дали ДУИ може да го спречи усвојувањето на оваа мерка, таа само порача дека во Владата „нема надгласување“.