Македонија 12. јуни 2020. / 19:30

Дескоска на линија со косовскиот министер за правда: Бара екстрадиција на обвинетите за „Монструм“

Дескоска на линија со косовскиот министер за правда: Бара екстрадиција на обвинетите за „Монструм“

Министерката за правда Рената Дескоска преку видео конференциска врска разговораше со новиот косовски министер за правда Селим Селими, честитајќи му го назначувањето на функцијата.

Како што соопштија од Министерството за правда, Шекеринска и Селими разговарале за екстрадицијата на обвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, при што министерката Дескоска истакнала дека очекува позитивен одговор од косовските власти на нашето барање за екстрадиција.

Во соопштението се наведува дека Дескоска потенцирала оти искрено посакува европеизација на регионот и дека Министерството за правда на Република Македонија е подготвено да ги сподели искуствата и да помогне во отворањето на преговорите.