Македонија 05. декември 2018. / 11:50

Дескоска ќе учествува на Регионалниот стратешки дијалог на високо ниво за недозволена трговија

Дескоска ќе учествува на Регионалниот стратешки дијалог на високо ниво за недозволена трговија

Министерката за правда Рената Дескоска е во дводневна посета на Меѓународниот институт за правда и човекови права од Сиракуза каде ќе учествува на Регионалниот стратешки дијалог на високо ниво за недозволена трговија во Југоисточна Европа.

Дијалогот ќе ги опфати и вклучи министрите и другите високи национални функционери од целиот регион, како и клучните регионални и меѓународни партнери посветени на борбата против недозволената трговија.

Целта на настанот е да се вклучат клучните национални, регионални и меѓународни лидери и креатори на политики во стратешки дијалог за заедничките предизвици и стратешки можности во борбата против недозволената трговија на Југоисточна Европа.