Македонија 12. јули 2018. / 13:04

Дескоска: Изборот на членови на ДИК да не е во пакет со амнестии за технички и пржински влади

Дескоска: Изборот на членови на ДИК да не е во пакет со амнестии за технички и пржински влади

Изборот на ДИК не смее да биде во пакет со никакви амнестии за технички и пржински влади, порача
денеска министерката за правда Рената Дескоска.

Според неа, изборот на членови на ДИК е приоритет кој не треба да се условува со амнестии или други закони, како тие за формирање на техничка влада пред избори или за промена на моделот на финансирање на партиите, објави А1он.мк.

„Нас ни се потребни функционални институции, а секое доцнење може да значи недоволна спремност за
спроведување на референдумот за договорот со Грција“, рече министерката за правда.