Водата за пиење од десет јавни чешми во рурални места во тетовско не одговара според соодветниот правилник за безбедност и квалитет на водата за пиење, покажале најновите испитувања на Центарот за јавно здравје од Тетово.
Поради тоа, таа вода не се препорачува да се пие се додека не се дезинфицира.
Според Правилникот за барање за безбедност и квалитет, водата за пиење не одговара во следните населени места: с.Теарце-Амбуланта, берберница кај Горна Џамија, с.Доброште, куќа на Македонско маало, чешма кај Џамијата (Општина Теарце), и во с.Селце чешма кај Џамија, чешма помеѓу с.Селце и с.Вејце кај бачилата, с.Вејце чешма кај мост, чешма кај Џамија, с.Ѓермо чешма кај река, чешма кај Џамија, чешма под школо-Пасишта (Општина Тетово), стои во соопштението на Центарот за јавно здравје до Центарот за управување со кризи.