Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски кој е осомничен во новата истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во изјава за „Фокус“ вели дека постапката за набавка на софтверот што се користеше на последните избори кога „падна“ системот на којшто се гледаа гласовите, била спроведена на најтранспарентен начин.
–Постапката за набавката на софтверот беше спроведена на најтранспарентен начин, прв пат беше објавен тендер, се беше јавно и транспарентно. Со ова излегува дека изгледа сме згрешиле што сме објавиле тендер. Нека ѝ е среќа на државава со вакви постапки, вели Деркоски.
Тој и после спроведувањето на изборите тврдеше дека постапката била законска, се пријавиле две фирми „Дуна“ и „iVote“ и јавно прашуваше зошто претходно во 11 циклуси се склучувал дговор со „iVote“ во четири очи. Тој вели дека на Обвинителството му била предадена целата документација за постапката и порачува дека ќе докажува дека се било законски.
Текстот во целост на: „Фокус“