Македонија 06. ноември 2018. / 22:58

Деполитизација на админситрацијата како дел од реформите

Деполитизација на админситрацијата како дел од реформите

Законот со кој ќе се регулира стапувањето на сила на уставните амандмани за спроведување на Договорот од Преспа, се уште формално не е почнат да се работи. Министерската за правда Рената Дескоска соопштувајки дека сепак тој ќе биде готов до јануари рече дека со законот ќе се регуларира од кој момент ќе стапат на сила определени одредби од Договорот за името.

Дескоска попладнево, заедно со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Османи, министерот за внатрешни работи Игор Спасовски, и министерот задолжен за администрацијата, Манчевски го промовираа Планот 18 за итните реформски приоритети како продолжување на веќе познатиот План 3-6-9. Тој ги опфаќа реформите во судството, администрацијата, борбата против организираниот криминал и корупцијата, безбедносните служби.

Планот 18 ги опфаќа законите на кои веќе подолг период се работи, како пакетот на судските реформи кој требаше да биде донесен до септември, а за кои Дескоска рече не доцнат и оти сега ќе му бидат доставени на Собранието, за кое се надева дека ќе смогне сила до крајот на годината да ги усвои.

Во делот на реформите на администрацијата Манчевски информираше дека освен реорганизација, оптимизација, приоритет ќе биде и нејзина деполитизацијата.

Манчевски притоа рече дека ќе се ревидираат и законот за административни службеници, но и на вработените во јавниот сектор, за да се разграничат државната и јавната администрација. Манчевски информираше дека кон крајот на идната година ќе се знае дали ќе постојат услови за евентуално преземање на државни службеници во приватниот сектор и под кои услови. Презентирајќи ги реформите во својот сектор тој рече дека постојат проблеми со имплементација на Законот за општа и управна постапка, бидејќи е неприменлив, и се работи на негови измени.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, освен за формирањето на ОТА и реформите во кои се подготвуваат во делот на УБК и разузнавањето, во делот за борбата против организираниот криминал и корупцијата рече дека тое не е можно без јакнење на капацитетите на финансиските истраги и конфискацијата на имот, каде досега Македонија не покажала некакви резултати.

Вицепремиерот за евроинтеграции зборувајќи за механизмите за следење на имплементацијата на Планот, рече дека тоа ќе се прави преку индикаторите за реализација на конкретните мерки и нивна имплементација во секојдневното практикување на тие закони. Според него не е доволно законите само да се донесат, туку дека фокусот ќе биде ставен на имплемнтацијата.