Македонија 22. јуни 2020. / 17:07

Деновиве ќе се одлучува за целосно отворање на границите

Деновиве ќе се одлучува за целосно отворање на границите

Филипче најави дека денеска и утре Комисијата за заразни болести ќе разговара и за целосно отворање на границите, без сегашните услови.

– Нашата анализа, но и онаа на бројот на случаи и состојбата во земјите во регионот и информациите кои се добиени од комуникацијата со министрите за здравство укажува дека целиот регион е во услови на ист епидемиолошки ризик. Ова беше тема на разговор на состанокот на Комисијата за заразни болести, а ќе продолжи и денеска и утре, по што ќе донесеме соодветна одлука. И денеска ќе разговараме со колегите од министерствата за здравство на соседите за да ни укажат на најновите созјанија, бројот на случаите, ситуацијата, начинот на трансмисијата. Сепак сметам дека за ова прашање треба да имеме регионален пристап, рече Филипче.