Македонија 02. февруари 2021. / 11:32

Денеска Владата ќе ја одржи 43-тата седница

Денеска Владата ќе ја одржи 43-тата седница

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 43-та седница на која на дневен ред се повеќе точки.

Како што се наведува во владиното соопштение, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата денеска ќе ја разгледа Предлог-стратегијата за производство на тутун за периодот 2021-2027 година, со Акционен план.

Владата ќе ја разгледа, а се очекува и да ја усвои Програмата за работа за 2021 година на Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

На редовната седница, закажана за 12:00 часот, пред министрите за разгледување се и Програмата за изменување на Програмата за проширена репродукција на шумите за 2021 година и Програмата за изменување и дополнување на Програмата развој и унапредување на ловството и за одгледување и заштита на дивечот под заштита во репроцентрите за 2021 година.

За одлуките и заклучоците од 43-тата седницата на Владата, која е предвидено да се одржи преку интернет видеоконференциска врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение.