Македонија 30. април 2019. / 16:19

Денеска синот на Мира Стојчевска ќе го раскине договорот со ЕЛЕМ

Денеска синот на Мира Стојчевска ќе го раскине договорот со ЕЛЕМ

Синот на пратеничката Мира Стoјчевска, Виктор Стојчевски, денеска го поднесе актот за спогодбено раскинување на работниот однос со АД ЕЛЕМ, потврдија од компанијата за „Фактор“.

Актот е во правна процедура и до крајот на денот тоа ќе се ефектуира. Ќе го потпише генералниот директор на компанијата, или доколку е отсутен, тоа ќе го стори неговиот заменик – потврдија од Електрани на Македонија.

Синот на пратеничката Стојчевска оваа одлука ја најави неодамна, сооштувајќи дека истата ќе биде поради морални причини.