Македонија 09. октомври 2018. / 10:01

Денеска седници на три собраниски комисии

Денеска седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за култура, и за образование, наука и спорт.

На дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државната статистика, во прво читање.

Членовите на Комисијата за култура ќе го разгледаат Предлог-законот за дополнување на Законот за аудиовизуелните добра, во прво читање, а на Комисијата за образование, наука и спорт предлог-законите за изменување на Законот за Академијата за наставници и на Законот за наставници во основните и средните училишта, двата во прво читање.