Македонија 16. јули 2018. / 10:31

Денеска седници на три комисии во Собранието

Денеска седници на три комисии во Собранието

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат три комисии.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-завршната сметка на Буџетот на Република македонија за 2017 година со конечен извештај за извршена ревизија на усогласеност за 2017 година на основиот буџет.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа за Финансискиот план за измена на финансискиот палн на Македонската радио телевизија за 2018 година, додека членовите на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања ќе го разгледаат образецот на изјавата за прифаќање на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија.