Македонија 23. ноември 2018. / 10:06

Денеска седници на две собраниски комисии

Денеска седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе се одржи јавна расправа на тема Финансирање на активностите предвидени во Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската Конвенција.

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи јавна расправа по предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.