Македонија 29. август 2018. / 09:30

Денеска седници на четири собраниски комисии – статутите на универзитетите на дневен ред

Денеска седници на четири собраниски комисии – статутите на универзитетите на дневен ред

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат четири комисии.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог-измените на Законот за вино во прво читање поднесени од пратеникот Панчо Минов, а Комисијата за труд и социјална политика ќе го разгледа Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капиталното финансиско осигурување за 2017 година.

На дневен ред на Комисијата за образование и наука се статутите на универзитетите „Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“ и Универзитетот во Тетово.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе разгледаат повеќе предлог-измени кои потоа треба да се најдат на денешната собраниска седница.