Македонија 19. јануари 2020. / 12:00

Денеска се плива по Светиот крст: Во Охрид прв доплива Петар, во Кичево Христијан, Дејан во Куманово

Денеска се плива по Светиот крст: Во Охрид прв доплива Петар, во Кичево Христијан, Дејан во Куманово

На традиционалното скокање по крстот, во духот на големиот Христијански празник Богојавление Водици, во Охрид 30 годишниот Петар Рупески од Варош беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро.

Во Кичево 25-годишниот Христијан Врапчески го фати крстот од осветените води во базенот на поранешниот Дом на АРМ.

Прво во црковниот храм „Свети Петар и Павле“ беше отслужена утрена  богослужба, а потоа поворката се упати кон базенот, каде што се одржа завршниот чин. Пред полагањето на крстот беше извршен водосвет на водите во базенот од страна на свештенството од кичевскиот храм.

Дејан Цветановски (32) од Куманово го фати светиот крст во фонтаната на црквата „Свети Никола“ во Куманово. Цветановски првпат го фаќа крстот, а веќе седум години скокал по крстот на големиот христијански празник Богојавление- Водици.

– Денеска среќата беше на моја страна да го фатам крстот. Очекувам здравје и среќа на мене и на целото семејство, изјави Цветановски.

Од свештеништвото на Соборниот храм доби икона, свет крст и други пригодни подароци.