Македонија 09. ноември 2018. / 09:34

Денеска пратениците ќе гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Денеска пратениците ќе гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Денеска на пленарна седница во Собранието на Република Македонија, пратениците ќе гласаат за одземање на мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

За одземање на мандатот, потребно е двотретинско мнозиство. Дали тоа ќе биде остварено, останува да се види, со оглед дека независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За заедничка Македонија“ се изјаснија дека нема да го поддржат овој предлог.

Комисијата во Собранието во средата го прифати барањето на Судот да му биде одземен пратеничкиот мандат поради издржување на двегодишната казна во случајот „Тенк“, а Комисијата го достави во Собранието кое ќе одлучи со гласање дали ќе му биде одземен мандатот.

Груевски вчера требаше да се јави во затворот во Шутка според упатниот акт од кривичниот суд.