Македонија 27. ноември 2018. / 10:55

Денеска ново рочиште за судење на убијците на Саздо

Денеска ново рочиште за судење на убијците на Саздо

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиство на дваесетгодишниот Никола Саздовски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца вештаци.

На минатотот рочиште еден од сведоците во судница ги препозна Бесир Беља и Скендер Демири, кои според обвинителниот акт заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.