Македонија 25. јуни 2018. / 10:59

Денеска Грција треба да достави писмо до Советот на ЕУ дека нема да се противи на интеграцијата на Македонија во ЕУ

Денеска Грција треба да достави писмо до Советот на ЕУ дека нема да се противи на интеграцијата на Македонија во ЕУ

До Советот на ЕУ за општи работи, кој денеска и утре во Луксембург ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Македонија и на Албанија, треба да биде доставено писмото од Грција дека нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија што е исполнување на нејзинот дел од обврските од Договорот за решавање на спорот за името.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во петокот на конференција во Родос пред новинарите најави дека денеска наутро писмата со иста содржина Грција треба да ги достави до ЕУ и НАТО.

– Во мојата дипломатска канцеларија ги имаме од завчера подготвени писмата. Одбрав да ги потпишам самиот во Брисел во недела за во понеделник наутро да се достават до Европската унија и НАТО. Тоа се писма кои велат дека бев известен од другата страна за ратификацијата на Договорот во Собранието и дека врз основа на обврските и предусловите кои ги имам поставено, може да продолжат напред, рече Коѕијас.