Половина од затворениците од најголемиот затвор во земјава Идризово денеска гласаа на десттите по ред, а петти предвремени парламентарни избори 2020 година.
Од избирачкиот одбор констатираа дека гласањето денеска помина во вообичаена атмосфера а затворенците максимално ги почитувале изборните правила. Тие пак, заедно со членовите на одборот, затворската полиција но и партиските набљудувачи се прилагодија на новата реалност поврзана со пандемијата на коронавирусот. Она што можеби им преставувашe тешкотија на членовите на изборачкиот одбор е фактот што секој затвореник доаѓа од различна општина.
А имаше такви кои во меѓу време од различни причини го напуштиле затворот па сега пак се враќаат. Некои од нив гласаа, некои од нив ги немаше во Избирачкиот список а некои пак воопшто не гласаа затоа што воопшто и не се пријавиле да го остварат ова свое право.
Од Управата на затворот Идризово велат дека пред секои избори на затворениците им се држат презентации за тоа кој има право на глас и како да го оствари истото.
Неколку дена пред изборите се вршат подготовки за самиот денот на гласње. Секој затвореник има таканаречена домска легитимација и тие истата ја проверуваат. Затворениците, ако ги има на Избирачкиот список имаат право наместо со други документи за лична идентификација да гласаат со овие домски легитимации.“ – изјави КПУ „Идризово“.
По затворањето на ова избирачко место, гласачките ливчиња во пликоа ќе бидат испратени во општинските изборни комисии, во градовите или селата каде што живеат затворениците.