Македонија 23. април 2018. / 09:59

Денеска Бачев ќе поднесе иницијатива Собранието да ја повлече одлуката на владата за признавање на Косово

Денеска Бачев ќе поднесе иницијатива Собранието да ја повлече одлуката на владата за признавање на Косово

Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија денеска во Собранието ќе поднесе иницијатива за донесување одлука за повлекување на одлуката за признавање на Косово.

Инаку, одлуката за признавање на Косово е донесена од владата на 9 октомври 2008 година, а истата следуваше по усвоена собраниска резолуција, со која се бара признавање на соседот.

Тогашниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, по признавањето рече дека тој чекор ќе има позитивен ефект во однос на регионалниот развој на настанитe.