Според неофицијалните податоци, во последното деноноќи во земјата се регистрирани 104 случаи на зараза со новиот коронавирус, од речиси половината се во Скопје, објави „Нетпрес“.
Во последните речиси две седмици бројката на новозаболени е постојано во пораст и на дневно ниво бројките се трицифрени. Во истиот период, исто така, забележан е и зголемен број на смртни исходи во споредба со претходните месеци. Сето тоа укажува на интезивирање на ширењето на заразата во земјата.