Во Кривичниот суд во Скопје, денес треба да се одржат рочишта за предметите „Тотал“ и „Транспортер“ на СЈО.
Во случајот „Тотал“ обвинет е Драган Павловиќ-Латас за даночно затајување во износ од 121 414 евра преку фирмите „Тотал Маркетинг“ ДООЕЛ „Тотал Медија Центар“ и „Медијамакс“ и 63 032 илјади евра како физичко лице.
Во случајот „Транспортер“ обвинети се повеќе лица меѓу кои и поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 360 илјади евра.