Македонија 14. јуни 2020. / 18:30

Ден со најмногу жртви од Ковид-19 за 24 часа

Ден со најмногу жртви од Ковид-19 за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починале девет луѓе. Тоа е најголема бројка на починати во едно деноноќие со што се надмина претходниот црн рекорд од осум починати, колку што имаше вчера.

Тројца од денеска починатите  од Скопје, два се од Тетово, и по еден починат има од Прилеп, Струга, Велес и од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62), хоспитализиран пред три дена.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69) а во болницата во Гостивар на пациентка (58) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на Ковид е докажан по смртта.