Македонија 20. септември 2019. / 10:28

Ден Дончев ќе одржи прес конференција во 13 часот

Ден Дончев ќе одржи прес конференција во 13 часот

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев денеска во 13 часот ќе одржи прес-конференција во медија центарот во Владата.

Во овие две години колку што е директор, Дончев одбива да дава отчет пред јавноста за она што се работи во ФЗО, па прес-коференциите што ги има одржано може да се избројат на една рака.

Новинарите во неколку наврати побараа став од него за скандалот кој го обелодени новинарот Бранко Героски, а во кој е вмешан Дончев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, но тој не беше расположен за да одговори.

И на последниот брифинг со новинарите одби да даде изјава во камера, но не заборави неосновано да ги обвини оти дел од информациите што биле објавени не биле вистинити, а на дел од прашањата одговараше со „А што ве интересира вас тоа? Вие треба да ги информирате граѓаните за новините, а не да прашувате за постапките што се водат во позадина на проектите“, пишува Алфа.