Македонија 08. март 2021. / 09:27

Демократски сојуз: Нема услови да се формира Влада поддржана од СДСМ И од ВМРО-ДПМНЕ

Демократски сојуз: Нема услови да се формира Влада поддржана од СДСМ И од ВМРО-ДПМНЕ

Демократскиот сојуз смета дека нема услови да се формира Влада поддржана од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ниту понудата е сериозна, ниту пак одговорот е искрен.

Ова расправа е „конгресна“, пред изборот на лидер на СДСМ и најавениот фракциски „конгрес“ на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Поради сето ова, велат дека нaместо јалови расправии, сметаат дека Владата мора посветено да работи на ефикасна борба против пандемијата(посебно набавка на вакцини), деблокада на евроинтеграциите, реформи на судскиот систем и декриминализацијата, стабилноста на државата и економскиот развој, при што опозициските партии мора поодговорно да дејствуваат и да ги поддржат законските проекти сврзани со справување со последиците од здравствената криза и градење на единство околу националните и државни прашања.