Делегација на Вооружените сили (ВС) на Кралството Норвешка, предводена од началникот на ГШ на ВС, адмирал Хакон Брун Хансен од денеска е во дводневна официјална посета на Македонија.
Како што е најавено, aдмиралот Хансен утре во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии.
По активностите во Генералштабот, адмиралот Хансен ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски.